поврзани публикации

нема поврзани публикации

Конкурси
пронајди

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ ЗА ПОДДРШКА НА АД-ХОК ИНИЦИЈАТИВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, НЕФОРМАЛНИ ГРУПИ, КОАЛИЦИИ И ЛОКАЛНИ АКТИВИСТИЧКИ ЈАДРА

КОНКУРС
за доделување грантови за поддршка на ад-хок иницијативи на граѓански организации,  неформални групи, коалиции и локални активистички јадра

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) го објавува по втор пат конкурсот за доделување грантови за поддршка на ад-хок иницијативи на граѓански организации, неформални групи, коалиции и локални активистички јадра кои дејствуваат во Република Македонија и кои преку своите проекти ќе придонесат за унапредување на локалната демократија и социјалната кохезија на локално, регионално и национално ниво.

Овој вид грантови ќе обезбеди поддршка за спроведување локални иницијативи со кои ќе се засили гласот на граѓанското општество во врска со прашањата од интерес на граѓаните  на локално, регионално и национално ниво. Максималниот износ на грантот за ад-хок иницијативи е 6.000 американски долари. Вкупниот фонд за грантови во 2017 година е 120.000 американски долари, од кои во првиот рок беа доделени 12 гранта за поддршка на ад-хок иницијативи во вкупен износ од 68.660 УСД. Рокот за поднесување пријави за поддршка на ад-хок иницијативи за овој конкурс е 29 мај 2017 година до 16.00 часот, а третиот рок е 15 септември 2017 година до 16.00 часот.

ФООМ ќе поддржи предлог проекти кои се иновативни во пристапот, кои имаат потенцијал за постигнување видливо влијание и кои притоа:
  • ги промовираат вредностите на отвореното општество;
  • покажуваат посветеност кон вклучување на граѓаните и развиваат ефективни стратегии за ангажирање на граѓаните; 
  • обработуваат комплексни прашања поврзани со актуелните реформски и општествени состојби;
  • промовираат интегрaтивен пристап со фокус на заедниците, родот и лицата со посебни потреби; 
  • нудат креативни и ефективни стратегии за пристап до информации и придонес кон политиките;
  • применуваат, кога е соодветно, стратегиско користење на медиумите во промоција на целите.

Материјалите за пријавување се достапни на следниве линкови:
Образец за ад-хок иницијативи
Упатство за буџетирање

Здруженијата на граѓани треба задолжително да достават и копија од документите за регистрација од Централен регистар на РМ. Пријавите треба да се поднесат електронски, во word и pdf формати, на следнава адреса: konkurs2017[at]fosm.mk со наслов на пораката кој содржи Име на организација/неформална група - наслов на иницијатива. Доколку имате прашања, поставете ги на: prasanjakonkurs2017[at]fosm.mk.

Пријавите пристигнати по предвидените рокови нема да бидат разгледувани. За пристигнатите пријави по конкурсот ќе одлучува комисија составена од претставници од ФООМ. При селекцијата на пријавите ќе се внимава да бидат застапени различни организации и иницијативи, при што корисниците на институционална поддршка нема да бидат во можност да се пријават како носители за поддршката за ад-хок иницијативи.

Клучни зборови

| конкурс